Акција!

Rododendron

1,500 ден 850 ден

  • Потекнува од планините во Азија; рододендрон е национален цвет на Непал, го нарекуваат  “Крал на градината”
  • Бујно, зимзелено растение, обоено во розови нијанси
  • Зеленилото е темно зелено и убаво се комбинира со бојата на цвеќето
  • Цвета во периодот мај-јуни
  • Издржлива сорта
  • Исправен, широк раст
  • Многу жилаво цветно растение, одлично поднесува ниски температури (до -40 степени)
  • Годишен раст: 10-25cm, во зависност од условите за одгледување и кастрењето
  • Достигнува максимална висина од 2 метри, а максималната ширина е исто така околу 2 метри
  • Сакаат делумна сенка, кисело тло и добра дренажа. Понекогаш е тешко да се постигне рамнотежа и да се задоволи растението бидејќи сака и голема влага. Најдобро е земјата да се помеша со тресет кој ќе ја направи растресита.
  • Бидејќи бараат доста влага се препорачува да се стави малч околу стеблото и донекаде да ја задржи влагата. Нека тоа бидат помешани иглички, ситни гранчиња и кора од бор, ела и смрека бидејќи создаваат киселост.
  • Во жешките летни денови, па дури и во топлите есенски месеци, треба да се внимава да не се исуши почвата под грмушките, но наводнувањето не треба да се претерува, бидејќи е штетно како сушата. Најдобро е да се користи вода од дожд или река, бидејќи водата од чешма и бунар е многу варовна и со редовна употреба почвата станува солена. Во првата година веројатно ништо нема да се случи, но во 2-4-та година тврдата вода ќе ја заврши својата подмолна работа.
  • Ако се случува растението слабо да напредува треба да се прихранува со ѓубриво наменето за рододендрони. Како и кај сите растенија кои цветаат се препорачува да се отстрануваат овенатите цветови за да се продолжи времето на цветање.
Clear

Additional information

Боја

Бела, Црвена, Лилјакова

Рецензии

Сеуште нема коментари.

Be the first to review “Rododendron”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *