Rhododendron

(1 рецензија)

750 ден

  • Потекнува од планините во Азија; рододендрон е национален цвет на Непал, го нарекуваат  “Крал на градината”
  • Бујно, зимзелено растение, обоено во розови нијанси
  • Зеленилото е темно зелено и убаво се комбинира со бојата на цвеќето
  • Цвета во периодот мај-јуни
  • Издржлива сорта
  • Исправен, широк раст
  • Многу жилаво цветно растение, одлично поднесува ниски температури (до -40 степени)
  • Годишен раст: 10-25cm, во зависност од условите за одгледување и кастрењето
  • Достигнува максимална висина од 2 метри, а максималната ширина е исто така околу 2 метри
  • Сакаат делумна сенка, кисело тло и добра дренажа. Понекогаш е тешко да се постигне рамнотежа и да се задоволи растението бидејќи сака и голема влага. Најдобро е земјата да се помеша со тресет кој ќе ја направи растресита.
  • Бидејќи бараат доста влага се препорачува да се стави малч околу стеблото и донекаде да ја задржи влагата. Нека тоа бидат помешани иглички, ситни гранчиња и кора од бор, ела и смрека бидејќи создаваат киселост.
  • Во жешките летни денови, па дури и во топлите есенски месеци, треба да се внимава да не се исуши почвата под грмушките, но наводнувањето не треба да се претерува, бидејќи е штетно како сушата. Најдобро е да се користи вода од дожд или река, бидејќи водата од чешма и бунар е многу варовна и со редовна употреба почвата станува солена. Во првата година веројатно ништо нема да се случи, но во 2-4-та година тврдата вода ќе ја заврши својата подмолна работа.
  • Ако се случува растението слабо да напредува треба да се прихранува со ѓубриво наменето за рододендрони. Како и кај сите растенија кои цветаат се препорачува да се отстрануваат овенатите цветови за да се продолжи времето на цветање.

Дополнителни информации

Боја

Црвена, Розева, Портокалова

1 рецензија за Rhododendron

  1. Марга Јордановска

    Порачав од Рододендронот пред околу месец и не можам со зборови да го опишам задоволството од убавината на цветовите …а за испораката само пофалби… БРАВО и Ви благодарам од срце.
    PS. Да можам би поставила и слика ама не ја гледам таа опција

    • Jasmina Admin

      Vi blagodarime!

Додај преглед

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие исто така би сакале…