Акција!

Црвена роза Скарлет (Падавица)

499 ден

  • Моментална висина: 70-80cm
  • Скарлет е роза која се карактеризира со помали цвеќиња со интензивна црвена боја, густо нанижани на гранките
  • Совршен детал за секоја луксузно уредена градина
  • Многу лесни за оддржување, не заземаат многу простор и цветаат речиси цела година
  • Скарлет го облагородува секој простор и дава елегантен изглед на градината
  • Лесно се вклопуваат со други пониски украсни садници
  • Расте добро засадена директно в земја или во украсен сад
  • Гранките паѓаат до земјата
  • Кастрењето предизвикува раст на нови гранчиња и пупки, па со текот на времето се постигнува густо разгранета крошна, полна со божествени цвеќиња
  • По желба, може да се постави потпор за рози со жална форма, конструкција на чадор што дава облик на крошна и го штити дрвото од силни ветрови
  • Со примена на редовни мерки за нега, ќе го продолжите животот на расадот и ќе добиете квалитетно и здраво растение. Ова вклучува употреба на плодна почва, редовно наводнување и ѓубрење за време на сезоната на растење.
  • Драстичното кастрење е најповолно во пролет или есен, а секако може и поткастрување во текот на годината
  • Во случај на лисна вошка, црна дамка или други болести, за растението побарајте соодветен лек  во земјоделска аптека и нанесете, а потоа нахранете го за да го зајакнете
  • Хранењето може да се изврши со органски или минерални ѓубрива. Пожелно е да се користи органско ѓубриво на пролет и минерално ѓубриво за време на сезоната на растење
  • Розите накалемени на дрвото се во опасност од смрзнување во случај на многу ниски температури. За да го спречите ова, завиткајте ја крошната пред зимата, особено местото каде што е калемот (местото каде што гранките се спојуваат со дрвото) со неколку слоеви агротекстил или некоја памучна ткаенина.

Нема залиха

Дополнителни информации

Број на садници

1 стебло, 2 стебла

Рецензии

Сеуште нема коментари.

Бидете први кои ќе разгледате “Црвена роза Скарлет (Падавица)”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *