Акција!

Agapanthus – Афрички љиљан- крин

750 ден

Зимзелено градинарско растение  се одгледува во саксија или во почва.

Има долги тесни листови, а цветот е топчест (потсеќа на цветот на украсен кромид) – може да биде виолетов или бел .

Цвета од 7 до 9 месеци, а висината на цветните стебленца може да биде од 0,5 до 1 м.. Бара сончева положба, па саксијата со растението треба да се чува на сонце или во лесна делумна сенка, во талог.

Се одгледува во плодна почва богата со хумус.

Во текот на сезоната на растење се ѓубри еднаш неделно со обично течно ѓубриво – на влажна почва.  Во доцна есен и зима, додека е заспана, полевајте ја внимателно, само колку да не се исуши целосно почвата.

Месестиот корен е чувствителен на висока влажност, па затоа обилно наводнување се заканува со гниење.По цветањето, цветните стебленца треба да се исечат за да не се исцрпи растението.

Може да се остави едно стебло за да се добие семе за размножување.Се размножува со сеење на семето или со делење на корените во март.

Растенијата израснати од семиња ќе процветаат дури по неколку години.Неговиот месести корен не сака да се „вознемирува“, па затоа е најдобро да не се пресадува, освен кога по неколку години целосно ќе го надрасне цветниот кревет.

Ова растение најубаво расте во тропските краишра и го задржува листот, кај нас зимно време листот скапува и ликовицата внатре во почва останува- и на пролет пак пушта нови изданоци!

Доколку сакате да остане зелената маса во зима, ако е во саксија зимно време може да се внесе внатре  но мора да има доволно светлина и рана пролет пак да се изнесе надвор !

Моментален изглед е последната слика во албумот!  ( 5л саксија)

Дополнителни информации

Боја

Бела, Виолетова

Рецензии

Сеуште нема коментари.

Бидете први кои ќе разгледате “Agapanthus – Афрички љиљан- крин”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *