Strelitzia Nicolai – Рајска птица

2,300 ден

Aко имате осветлен простор Стерлиција Николаи е една егзотична прекрасна билка , со своите украсни огромно листови совршено го краси секој простор! Лесно се одржува

Strelitzia бара многу силно индиректно осветлување.
Толку многу што може да издржи еден час директно осветлување.

Секогаш нагласуваме дека собните растенија треба да се заштитат од силните сончеви зраци кои продираат низ јужниот прозорец, а тоа навистина е случај со речиси сите собни растенија, особено ако не се навикнати на такви услови.

Единственото осветлување кое едноставно не е доволно за Стрелиција е осветлувањето на прозорецот свртен кон север. Ако ова е единствената опција што ја имате, а навистина сакате да имате рајска птица, ќе треба да се дополните со вештачко осветлување.

Стрелиција сака првите неколку сантиметри почва да се исушат помеѓу две наводнување.

Тоа е растение со многу големи лисја и користи многу вода за да ги задржи сите тие лисја толку убави, зелени и здрави. Но, тоа не значи дека треба постојано да го натопуваме со вода.

Кога почвата ќе се исуши колку еден прст, тогаш можете слободно да ја полевате вашата рајска птица.
На овој начин, дното на почвата сепак ќе биде малку влажно (нема да дозволиме почвата целосно да се исуши), но ќе дозволиме циркулација на воздухот помеѓу корените.

Кога почвата ќе стане премногу сува, ќе забележите како листовите се виткаат навнатре. Откако ќе го наводнете, тие повторно ќе се отворат.

Стрелиција можете да ја чувате надвор во дворот, на тераса или балкон од пролет до есен. Не е неопходно да се извади Стрелиција, но ако немате доволно светлина во вашиот стан, таа ќе расте многу побрзо надвор и ќе развива се поголеми и поголеми лисја.

Исто така, ако сакате вашата рајска птица да процвета, речиси е невозможно тоа да се случи во затворени услови (точно поради поограниченото осветлување).

Кога ноќните температури ќе почнат да паѓаат под 12°C, вратете ја вашата рајска птица внатре.

 

 

Нема залиха

Рецензии

Сеуште нема коментари.

Бидете први кои ќе разгледате “Strelitzia Nicolai – Рајска птица”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие исто така би сакале…