Pyracantha Coccinea- пириканта
400 ден
Пираканта – густа жива ограда со црвени бобинки
400 денари по садница
Пиракантата е декоративна грмушка што формира густа жива ограда и внесува боја во дворот и наесен. Напролет цвета со ситни бели цветови, а од крајот на летото ја красат гроздови црвени бобинки. Со редовно обликување е одличен избор за ограда по должината на дворот и за проширување на зеленилото покрај ѕид.
Садење и одржување
Растојание за жива ограда — садете во еден ред, на 50–60 см од средина до средина. Изберете 50 см за погуст распоред или 60 см за повеќе простор меѓу садниците. За 10 метри планирајте приближно 17–20 садници.
Положба — успева на сонце и во полусенка. На сончево место обично формира повеќе бобинки.
Почва и полевање — ѝ одговара градинарска почва што добро ја пропушта водата. Полевајте редовно во првата сезона, особено во топли и суви периоди.
Откако ќе се вкорени, добро поднесува пократки сушни периоди.
Отпорност — добро го поднесуваат зимскиот студ.
Кроење — добро поднесува обликување. За да зачувате повеќе бобинки, скратувајте ги долгите изданоци што излегуваат од линијата на оградата и оставете ги гранчињата со бобинки.
Поради трњето, користете ракавици при кроење.







Рецензии
Сеуште нема коментари.