Сансеверија – Sansevieria trifasciata var.laurentii

540 ден

Познато е како растение кое апсорбира јаглерод диоксид и произведува најмногу кислород, ноќе, додека повеќето растенија го прават тоа преку ден.

Сансеверијата има мал и плиток корен, па затоа садете ја во плитки, но широки саксии. Таа се пресадува само кога и е премала саксијата.

При залевањето треба да се внимава земјата да не е целосно влажна, туку треба да се засуши помеѓу две залевања.Преголемата изложеност на влага може да предизвика нејзино трулење. Во текот на зимата доколку растението е на постудено место (но не под 10°С), може да се залева и еднаш месечно, додека во лето поднесува почесто и пообилно залевање. При залевањето водата не треба да дојде во срцето на растението. Водата која ќе се собере во подлошката треба да се испразни.

 

Количина:

Рецензии

Сеуште нема коментари.

Бидете први кои ќе разгледате “Сансеверија – Sansevieria trifasciata var.laurentii”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *