Акција!

Bougainvillea – Бугенвилија 60cm

750 ден

  • Бугенвилија е украсна ползечка грмушка, брзорастечко растение кое силно се разгранува и може да достигне максимална височина до 4m.
  • Природниот ареал на ова растение е Јужна Америка
  • Има потреба од топло, сончево месторастење, заштитено од ветер и обилно полевање во текот на летото
  • Во наши услови најдобро успева на јужни месторастења
  • Цветовите се мали, најчесто растат по 3, а нив ги опкружуваат листовите од врвот на гранчињата
  • Имаат боцки кои помагаат да се држат до различни површини
  • Цвета од јуни до септември

Начин на одгледување: 

– Доколку ја одгледувате насадена во дворот, неопходно е мулчирање на земјата околу коренот, а доколку ја одгледувате во саксија, задолжително е да презими во затворена просторија. Во вакви услови најчесто доаѓа до опаѓање на листовите, но веќе следната година на почеток на март почнуваат да се појавуваат нови ливчиња. Во пролет многу е важно да се искројат старите и исушени гранки за да може повторно правилно да се развива, но не претерувајте бидејќи цветовите растат на дрвенестиот дел.
– Во северните краеви каде во зима температурите паѓаат под 2°С се сади во саксија, а гранките се вртат околу жици за да може во зима без проблем да се премести и да се чува до пролетта.
– Ако живеете во краеви каде ќе можете и во зима да ја чувате надвор, насадете ја директно во земја на сончево место и ставете потпора по која ќе може да расте. Не сака многу влага, па полејте ја дури кога земјата речиси ќе се осуши. Ако е веќе многу разгранета, од април до септември полевајте ја еднаш седмично со вода во која сте ставиле половина од пропишаната доза од течно ѓубриво за растенија кои цветаат. Ако е растението помладо, прихранувајте го секоја втора седмица. На есен, кога ќе паднат температурите, ќе ги отфрли листовите. Околу коренот ставете гранчиња или кора од дрво за да го заштитите од евентуални ниски температури.
– Ако живеете во крај каде е студено и во текот на зимата ќе ја внесувате во домот, тогаш посадете ја во саксија која не е многу голема бидејќи повеќе и одговара да биде во тесно. Земјата нека биде лесна, хумусна со многу тресет. Пресадувајте ја секоја пролет бидејќи многу ја исцрпува земјата. Внимавајте на дренажата и полевањето бидејќи водата не би смеела да се задржува околу коренот. Најдобро би било да е посадена во глинена саксија. Во текот на летото полевајте ја 2-3 пати седмично, а вишокот вода задолжително одлијте го од подлошката по 10 минути. Кога е во период на мирување полевајте ја еднаш на десет дена.
– Додека е топло (отприлика од мај до октомври) чувајте ја надвор на сончево место, а кога ќе залади ставете ја во просторија каде температурата е 7-10°С за може да има период на целосно мирување. Најверојатно ќе ги изгуби листовите, но не се грижете бидејќи ќе потераат нови гранчиња и ливчиња и тоа веќе во февруари. Тогаш ставете ја на место каде ќе има многу светло, а уште подобро ако има и малку сонце.
– Во рана пролет одрежете ги старите овенати гранчиња, скратете ги новите гранчиња за 3-4 окца (до листот или лисната пупка) и обликувајте ја околу жица забодена во земјата. Се размножува со резници, но мора де се обезбеди топлина и висока влажност, така да најчесто не е успешно. Но пробајте во пролет да забодете резница долга околу 10 cm во комбинација од песок и тресет, поклопете ја со тегла и можеби ќе успее.

Нема залиха

Рецензии

Сеуште нема коментари.

Бидете први кои ќе разгледате “Bougainvillea – Бугенвилија 60cm”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *