Црвена роза Скарлет (Падавица)
1,200 ден Original price was: 1,200 ден.499 денCurrent price is: 499 ден.
- Моментална висина: 70-80cm
- Скарлет е роза која се карактеризира со помали цвеќиња со интензивна црвена боја, густо нанижани на гранките
- Совршен детал за секоја луксузно уредена градина
- Многу лесни за оддржување, не заземаат многу простор и цветаат речиси цела година
- Скарлет го облагородува секој простор и дава елегантен изглед на градината
- Лесно се вклопуваат со други пониски украсни садници
- Расте добро засадена директно в земја или во украсен сад
- Гранките паѓаат до земјата
- Кастрењето предизвикува раст на нови гранчиња и пупки, па со текот на времето се постигнува густо разгранета крошна, полна со божествени цвеќиња
- По желба, може да се постави потпор за рози со жална форма, конструкција на чадор што дава облик на крошна и го штити дрвото од силни ветрови
- Со примена на редовни мерки за нега, ќе го продолжите животот на расадот и ќе добиете квалитетно и здраво растение. Ова вклучува употреба на плодна почва, редовно наводнување и ѓубрење за време на сезоната на растење.
- Драстичното кастрење е најповолно во пролет или есен, а секако може и поткастрување во текот на годината
- Во случај на лисна вошка, црна дамка или други болести, за растението побарајте соодветен лек во земјоделска аптека и нанесете, а потоа нахранете го за да го зајакнете
- Хранењето може да се изврши со органски или минерални ѓубрива. Пожелно е да се користи органско ѓубриво на пролет и минерално ѓубриво за време на сезоната на растење
- Розите накалемени на дрвото се во опасност од смрзнување во случај на многу ниски температури. За да го спречите ова, завиткајте ја крошната пред зимата, особено местото каде што е калемот (местото каде што гранките се спојуваат со дрвото) со неколку слоеви агротекстил или некоја памучна ткаенина.
Нема залиха
Рецензии
Сеуште нема коментари.